ТАЖНА ВЕСТ: Колегите се простуваат од Бранко Ристовски

Тажната вест ја објавија од училиштето ООУ „Раде Кратовче

Денес, со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот долгогодишен наставник по ликовно образование, а сега пензиониран, Бранко Ристовски.

Наставник кој со својата посветеност и љубов кон ликовната уметност, цртањето, четката и бојата, остави неизбришлив белег во нашето училиште и во срцата на многу генерации ученици.

Ќе остане запаметен со почит, благодарност и убави спомени.

На семејството изразуваме искрено и длабоко сочувство.

Погребот ќе се одржи утре, 23.08.2026 година, во 13:00 часот, на Градските гробишта во Кочани.

Почивајте во мир, наставниче. 🕊️

Колективот на ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани