Тешка сообраќајка помеѓу трактор и автомобил – повеќе лица се повредени

Четири лица, од кои две потешко, биле провредени вчера при судир на тракгор и „голф“ во липковското село Алешевце.

– На 23.08.2026 околу 20:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Алешевце-с.Слупчане, во с.Алешевце, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со кумановски регистарски ознаки управуван од С.М.(32) од с.Черкези, кумановско и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Ќ.(64) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од тракторот Ш.М. и М.М., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.