УХМР објави мапа: Моментално невреме во овие македонски градови

Во подрачјето северно од Скопје има појава на пороен дожд проследен со засилен ветер.

Истовремено, јужно од Виница е активна нестабилна облачна маса, која носи пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Се препорачува зголемено внимание во погодените подрачја поради можност за локално поинтензивни врнежи и силни налети на ветер.

Состојбата и понатаму се следи, а за евентуални промени и движењето на нестабилните облачни маси ќе информираме навремено.