Утрово тешка сообраќајна несреќа – првични информации

Сообраќајна несреќа се случила претпладнево во близина на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, спроти судовите.

Фоторепортер на „Слободен печат“ бил на местото на настанот и забележал човек кој лежел на улицата по несреќата.

Од полицијата за „Слободен печат“ потврдиле дека станува збор за сообраќајна несреќа. Засега нема информации за состојбата на повредениот, ниту за околностите под кои се случила несреќата.

По настанот, повеќе граѓани се собрале околу човекот кој лежел на улицата и му помагале, односно ја проверувале неговата состојба.

Повеќе детали за несреќата се очекуваат по целосното расчистување на случајот од страна на надлежните институции.