Тешка несреќа – тригодишно дете пренесено во болница

Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во инцидент со лифт во станбена зграда во Радишани, Скопје.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 24 август во 20:00 часот. Според пријавеното, на 22 август околу 18:15 часот, 30-годишната мајка била во лифтот со своите деца кога вратата ненадејно се отворила и затворила.

При тоа, нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се здобила со тешки телесни повреди. Детето било прегледано и повредите биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до повредувањето на детето.