Ќе има невреме – УХМР објави што не очекува во следните денови

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за утре, 27 август, а делови од Македонија ќе бидат во портокалова фаза поради високите температури.

Според прогнозата, времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Највисоките дневни температури повторно ќе се доближат до 40 степени.

Во Скопје и Демир Капија се очекуваат до 39 степени, во Гевгелија до 38, додека во Велес и Штип максималната температура ќе достигне околу 37 степени.

И покрај жештината, во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност.

Променливо време се очекува и за време на викендот. Претпладне ќе преовладува сончево и топло време, додека попладне на повеќе места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално нестабилноста може да прерасне во невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Според УХМР, на почетокот на следната седмица повторно се очекува стабилно и топло време.