Започна невремето во Македонија – еве каде моментално има нестабилност

Според најновата мапа објавена од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), западно од Гостивар, особено во планинските региони, има појава на засилен ветер, пороен дожд и грмежи.

Нестабилната облачност во овие подрачја локално може да услови поинтензивни врнежи, дополнително засилување на ветерот и појава на електрични празнења.

Од УХМР укажуваат на внимателност при движење во погодените подрачја, особено во планинските региони, каде временските услови може брзо да се менуваат.