Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Сообраќајна несреќа се случила вчера на магистралниот пат Подмолје–Ќафасан, во близина на Струга, при што тешко е повреден 20-годишен мотоциклист, а повреден е и пешак од Албанија.

Од ОВР Струга информираат дека несреќата била пријавена на 26 август во 15:20 часот. Во неа учествувале патничко возило „голф“, управувано од 61-годишниот Д.П. од Радожда, мотоцикл „кавасаки“, управуван од 20-годишниот Т.Б. од Струга, како и пешакот Б.Д. (61) од Република Албанија.

Во незгодата биле зафатени и две паркирани возила – „мерцедес“ со албански национални ознаки, сопственост на 51-годишен жител на Поградец, и „крафтер“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на 40-годишен жител на Франгово.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека кај пешакот Б.Д. биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициски екипи.