Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница по влошување на неговата здравствена состојба, објави „24инфо“.
Според информациите објавени од медиумот, кај Јакимовски дошло до влошување на постоперативна инфекција, поради што била потребна лекарска интервенција и хоспитализација.
Засега нема официјална потврда за неговата актуелна здравствена состојба, ниту информации за тоа каков ќе биде понатамошниот тек на лекувањето.
Јакимовски од средината на јули ја издржува затворската казна во Затворот „Скопје“.
Повеќе детали за неговата состојба се очекуваат по официјалните информации од надлежните институции.

