– Анѓел Ефтимов од Радовиш е исчезнат од синоќа, а неговото семејство нема информации каде се наоѓа.
Семејството упатува апел до сите граѓани доколку го забележале Анѓел или располагаат со каква било информација за неговото движење и местото каде што се наоѓа, веднаш да пријават.
Информации може да се достават на телефонскиот број: 077 648 470.
Од семејството апелираат објавата и фотографијата да бидат споделени што е можно повеќе, со надеж дека информацијата ќе стигне до некого кој можеби го забележал Анѓел и ќе помогне тој безбедно да се врати дома.
Секоја информација е важна.


