Зеница денеска ја потресе трагична вест – Адис Витешкиќ почина по тешка алергиска реакција предизвикана од убод од пчела.
Витешкиќ, роден во 1985 година, пред неколку дена бил убоден од пчела, по што неговата здравствена состојба нагло се влошила поради сериозна алергиска реакција. Тој бил итно хоспитализиран и сместен на Одделот за интензивна нега во Кантоналната болница во Зеница.
Лекарите во изминатите денови се бореле за неговиот живот, но и покрај интензивното лекување и напорите на медицинскиот персонал, Адис денеска починал. Од болницата засега не се објавени подетални медицински информации за случајот.
Веста за неговата смрт предизвика голема тага во Зеница. На социјалните мрежи се објавуваат бројни пораки од пријатели, познаници и сограѓани кои се простуваат од него, опишувајќи го како добар, искрен и ведар човек кој бил подготвен да им помогне на другите.
Адис бил и голем навивач на фудбалскиот клуб Челик, а од него се простија и „Робијаши“, навивачката група на клубот.
Зад себе ги оставил сопругата Индира, децата Али, Иман и Афан, сестрите Лејла, Азра и Амра, како и бројни роднини и пријатели.

