Девојка вчера била приведена во Македонска Каменица по семејна расправија во која прво ја нападнала свекрвата, а потоа фрлила нож кон свекорот и го погодила во ногата.
Во инцидентот и свекорот ја удрил жената со тврд предмет.
– На 27.08.2026 во 21:35 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица лишија од слобода 23-годишна жена од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, фрлила нож кон нејзиниот свекор.
На настанот, според пријавеното во ПО Македонска Каменица, претходела расправија помеѓу жената и нејзиниот сопруг, по што 23-годишната жена прво физички ја нападнала својата свекрва, а потоа и фрлила нож кон свекорот и го удрила во ногата, по што тој ја удрил со тврд предмет, соопшти полицијата.
По целосно расчистување на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

