Пожарот кој попладнево изби во Преспа навлезе и во Националниот парк Пелистер и гори меѓу подножјето на врвовите Вртушка и Мала Чука. Од Националниот парк соопштија дека пожарот се појави некаде пред 15 часот.
Екипи на Националниот парк Пелистер во соработка со пожарните од Ресен и Битола делуваат на терен со цел локализирање на огнот.
Во гаснењето се вклучени и ер трактори и два тима со пинцгауери од Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот Стојанче Ангелов рече дека се прават пресеки за да се спречи ширење на огнот во паркот, зашто ако дојде до тоа, постои ризик да ја зафати боровата шума.
Механизација од јавни претпријатија од Битола веќе е упатена кон местото за да им помогне на пожарникарите во гасењето.

