Страшно невреме беснее во Македонија – еве во кој правец се движи

Силно невреме вечерва зафати повеќе делови од источна Македонија, со пороен дожд, силен ветер, интензивни грмежи и појава на град.

Невремето е присутно во Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Виница, Штип, Македонска Каменица и Кочани, каде во одредени подрачја врнежите се интензивни, проследени со силна грмотевична активност.

Дополнително, нестабилност има и западно од Струмица, каде исто така е можна појава на локални поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.

Се очекува нестабилната атмосфера локално да продолжи и во наредниот период, со можност за нови интензивни врнежи, силни удари на ветер и град.

⚠️ На граѓаните им се препорачува да бидат внимателни, особено доколку се на отворено или во сообраќај, и да ги следат најновите информации и предупредувања за временските услови.