Тешка несреќа – жена и тригодишно дете пренесени во болница

Дваесет и осумгодишна жена од кочанското село Тркање е тешко повредена, а тригодишно дете се здобило со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу Облешево и Кучичино.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера во 09:55 часот во ОВР Кочани.

А.Ј. (28), управувајќи мопед, изгубила контрола и паднала на коловозот. Со неа како сопатник се превезувало и тригодишно дете.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, додека кај детето биле констатирани телесни повреди. Двајцата биле прегледани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.