Вчера околу 14:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Тетовска“ во Прилеп, 52-годишниот Т.П. од Прилеп, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П., констатирани во Општа болница Прилеп.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп и по извршени проверки, било констатирано дека Т.П. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

