Денеска невреме со град во Македонија – еве кои делови ќе бидат најпогодени

Фото: Архива

УХМР за денес, 2 септември 2026 година, издаде метеоаларм поради нестабилна временска состојба на територијата на целата држава.

Се очекува нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи, а наместа временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе имаат карактеристики на невреме.

На одделни места се очекуваат силни налети на ветер, интензивен пороен дожд, чести грмежи и појава на град.

УХМР објави и мапа на опасни временски појави, на која се прикажани подрачјата со зголемен ризик од невреме и појава на град.

Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, особено во периодите на поинтензивна нестабилност, и доколку е можно да избегнуваат престој на отворено и изложени места за време на невремето.Следете ги најновите информации и предупредувања од УХМР и бидете внимателни при појава на силни временски непогоди.