Почина познатиот југословенски и хрватски музичар Дени Кожиќ во 62-рата година од животот
Загрепскиот гитарист, кантавтор и една од најнеповторливите фигури на југословенската и хрватската рок сцена, Дени Кожиќ, почина на 1 септември 2026 година, на само 19 дена пред својот 62-ри роденден.
Неговата кариера започна во средината на 80-тите години, а со децении оставаше неизбришлива трага во некои од најважните бендови од регионот, меѓу кои се Псимомодо Поп, Јура Стублиќ & Филм, Пипс, Чипс & Видеоклипс, Ритам с овој свјета, Пјер Жардин и пси од сламе и Ден дери.
Пошироката публика посебно го памети од култниот спот за песната „Dobre vibracije“ на Јура Стублиќ и Филм, каде Кожиќ се појавува со гитара на самиот врв од облакодер – сцена која стана еден од најпрепознатливите визуелни симболи во историјата на регионалната рок музика.
Кожиќ имаше и повеќедецениска соработка и блиско пријателство со членовите на Психомодо Поп, а фронтменот на Pips, Chips & Videoclips, Дубравко Иваниш, го опишуваше како свој „гуру“ и вистински музичар од глава до пети, кој остави огромен печат во нивната важна концертна ера за време на албумот „Drveće i rijeke“.

