Славчо Попоски објави мапа: Ново невреме ќе ја зафати Македонија – еве кога

Поради продор на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина, денес среда (2 септемврти) во попладневните и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден, но и утре четврток (3 септември) на повеќе места во Македонија ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во атмосферата, локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град.

Во погоре споменатиот период и во Скопскиот регион и котлината локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град.

Токму поради ваквата ситуација, односно во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења апелирам на поголема внимателност кај граѓаните, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја и тоа во случај на појава на силни електрични празнења.

Максималните температури на воздухот денес среда (2 септември) во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 35 степени. Малку пониски максимални температури на воздухот ќе имаме утре четврток (3 септември) кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Метео анализа на Славчо Попоски