Тажната вест ја споделија од Весна турс.
Со длабока тага и неизмерна болка ве известуваме дека нè напушти нашата директорка Весна Филипова, сопственичка и основач на една од првите туристички агенции во Македонија – „Весна Турс“.
Нејзината посветеност, човечност и љубов кон работата ќе останат засекогаш во нашите срца.
Последна почит ќе ѝ биде оддадена во петок, 04.09.2026 година, на Градските гробишта во Кочани, капела од 12:00 до 14:00 часот.
Почивај во мир, Весна.
Твојата трага и твоето дело ќе живеат засекогаш.

