УХМР објави мапа: Силно невреме беснее во делови од Македонија

Силно невреме зафати повеќе делови од западна и централна Македонија, а Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Според последните информации, невреме е регистрирано западно од Македонски Брод, а облачната маса се движи во правец кон градот.

Претходно атмосферска нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град била забележана и северно од Кичево.

Пороен дожд и грмежи се регистрирани и во Дебар и Неготино, како и на подрачјата западно од Гостивар и југозападно од Дебар.

Поради интензитетот на врнежите, надлежните предупредуваат на можност од локални поројни поплави, како и силни удари на ветер.