Возило излета од пат и се преврте – има повредени

31-годишен жител на Пехчевско е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Берово–Виница.

Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 2 септември околу 17:15 часот, на местото викано „Фармите“.

Патничкото возило „Мерцедес“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот У.Е. од село Црник, се превртело и удрило во дрво.

Во несреќата тешки телесни повреди се здобил возачот, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово. објави Скопје1.мк