Познатиот турски актер Серхат Мустафа Килиц е пронајден мртов во својот дом во истанбулскиот кварт Кагитане. Имал 51 година.
Килиц, кој публиката го памети по бројните улоги во популарните турски серии и филмови, е пронајден без знаци на живот откако неколку дена не контактирал со своите најблиски.
Според турските медиуми, неговата девојка дошла во неговиот стан во населбата Нуртепе откако не можела да стапи во контакт со него од четврток. Кога тој не се јавил на повиците и на чукање на вратата, таа влегла во станот и го нашла актерот како лежи неподвижен во дневната соба.
Екипите за итна помош и полицијата набрзо пристигнале на местото на настанот, а лекарите можеле само да ја потврдат неговата смрт.
Полицијата започнала истрага за да ги утврди сите околности на смртта. При првиот преглед, според некои турски медиуми, биле забележани модринки на телото околу очите, како и на рацете и нозете.
Сепак, нема официјална потврда дека повредите се поврзани со смртта. Точната причина ќе биде позната по обдукцијата и форензичките анализи.
Серхат Мустафа Килич е роден на 8 јули 1975 година во Анкара. Завршил театарски студии на Универзитетот Билкент, а во текот на својата кариера играл бројни улоги на телевизија, филм и театар.Познат е на пошироката публика по серии како „Езел“, „Сексенлер“, „Соз“ и „Курулуш: Осман“, а глумел и во филмовите “Veda”, “Kış Uykusu”, “Nokta” i “Mavzer”.


