Цените на нафтата продолжија да растат на светските пазари, при што и двата главни реперни типа – Brent и WTI – бележат раст од повеќе од еден процент.
Според последните пазарни податоци, Brent нафтата со испорака во ноември се тргува по 97,40 долари за барел, што претставува зголемување од 1,12 долари, односно 1,16 отсто.
Во текот на тргувањето цената на Brent достигна највисоко ниво од 97,44 долари, додека најниската вредност изнесуваше 96,25 долари за барел.
Раст е регистриран и кај американската WTI нафта. Фјучерсите со испорака во октомври достигнаа 92,59 долари за барел, што е зголемување од 1,11 долари, односно 1,21 отсто.
Дневниот максимум кај WTI изнесуваше 92,62 долари, а најниската забележана цена беше 91,60 долари за барел.
Особено значаен раст има кај London Gas Oil, кој се зголеми за 27,63 долари, односно 1,98 отсто, достигнувајќи 1.422,88 долари. Овој дериват е важен индикатор за состојбата на европскиот пазар на нафтени деривати.
Раст од 1,46 отсто е забележан и кај Heating Oil. Цената достигна 4,6164 долари, што претставува зголемување од 0,0664 долари.
За разлика од нив, природниот гас забележа минимално намалување. Цената падна за 0,03 отсто, односно за 0,001 долар, до 2,939 долари.

