Трагедија во Македонија, пронајдено тело на 17-годишно момче?

Тело на младо лице било пронајдено во близина на селото Пишица, а според неофицијални информации станува збор за момче на возраст од околу 17 години од селото Соколарци.

Како што објави Радио Кочани, телото било пронајдено во текот на вчерашниот ден во атарот на селото Пишица. По пронаоѓањето, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.

Засега информацијата не е официјално потврдена од надлежните институции, а нема ниту официјални податоци за идентитетот на починатото лице.

Не се познати ниту околностите под кои настапила смртта, како и точната причина и времето на смртта.