На само 22-годишна возраст почина Луција Шишиќ, Мис на Австрија за 2024 година, со потекло од Босна и Херцеговина.
Веста за нејзиното заминување ја потврдија австриските медиуми и нејзиното семејство, а од младата девојка на социјалните мрежи се простуваат бројни пријатели, познаници и следбеници.
Само неколку недели пред трагичниот крај, оваа убава млада дама на својот Инстаграм профил (@luciasisic) објави неколку фотографии која сега добива сосема ново, емотивно значење.
На овие фотографии, убавата мисица позира во елегантен златен фустан покрај луксузен олдтајмер автомобил, а во описот на објавата напиша само две зборови со емотикони:

„Златни моменти“.

