Тошковски откри нови детали за пукањето во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во вчерашното гостување на Канал 5 ТВ, изјави дека бил приведен еден од двајцата напаѓачи кои што од мотоцикл отвориле оган и убиле 26-годишник во Чаир.

Тошковски откри дека се работи за лице кое што во моментов отслужувало казна затвор и дека ќе се истражува како лицето се нашло надвор.

Тој воедно нагласи дека биле обезбедени соодветни докази и дека сторителите наскоро ќе бидат предмет на кривичен прогон.

„Во овој момент официјално не би можел да издвојам кои се мотивите. Можам само да истакнам дека интензивно се работи на предметното кривично дело.

МВР има првични информации за сторителите. Има обезбедено и соодветни докази во однос на тоа кои се сторителите, така што се надевам дека најбрзо што може ќе ги обезбедиме и тие ќе бидат предмет на кривичен прогон“, посочи министерот.