На 54-годишна возраст ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис, а според неофицијалните информации веројатно од срцев удар, јави дописничката на МИА од Атина.
Мазонакис важеше за еден од најпознатите грчки поп пејачи, со над тридецениска кариера, со голем број хитови, над десет албуми и илјадници настапи и концерти низ цела Грција, но и во странство.
Роден во 1972 година во Атина, кариерата ја започна во раните 90-ти, имаше соработувано со голем број познати грчки композитори и текстописци.
Редовно настапуваше во ноќните клубови со жива музика во Атина и Солун, одосно во познатите „бузуки“.
На 20 септември Мазонакис требаше да одржи концерт во Атина за одбележување на неговата 33-годишна кариера.


