Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа град во северозападниот дел од земјава
Невреме во моментов зафаќа делови од северозападна Македонија, покажува радарската снимка објавена од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според радарските податоци, во овој дел од земјата има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално е можна и појава на град.
Од УХМР и претходно предупредија дека попладневните часови носат услови за развој на локални невремиња, со интензивни врнежи, грмежи, силен ветер и можност за град.
Погледнете ја радарската мапа објавена од УХМР за да видите каде во моментов се движи невремето.
Граѓаните во погодените подрачја се советуваат да бидат внимателни, особено при престој на отворено, а возачите да ја приспособат брзината поради можните поројни врнежи и намалената видливост.


