Голем пожар избувнал синоќа во скопската општина Шуто Оризари, при што, според информациите што се споделуваат на социјалните мрежи, биле зафатени и изгореле неколку дуќани.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледаат големи пламени и густ чад, додека пожарот го зафатил објектите.
Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуално повредени лица или причинета материјална штета.
Повеќе информации се очекуваат по официјалното известување од надлежните институции.

