Огромна тага и неверување, почина познатата македонска професорка

Тажна вест го потресе Куманово и претставниците на просветната заедница во овој град во Македонија.

Почина Биљана Краљевска, долгогодишна почитувана професорка по хемија во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово, која со генерации важеше за омилен наставник, колега и педагог.

Краљевска го посвети својот работен век на образованието и воспитанието на бројни генерации кумановски гимназијалци. Нејзините колеги и ученици ќе ја паметат како извореден професионалец, добар човек и просветен работник кој го пренесуваше знаењето со многу љубов, трпение и посветеност, оставајќи неизбришлива трага во нивните животи.

Со длабока тага и емотивна порака на социјалните мрежи, од неа се прости целиот колектив на Гимназијата „Гоце Делчев“:

Со длабока тага се збогуваме со нашата почитувана колешка Биљана Краљевска, наставник по хемија, која со својата благородност и несебичност го збогати нашиот училишен колектив. Споменот за заедничките мигови, нејзиниот ведар дух и љубовта кон професијата засекогаш ќе остане со нас. Нека почива во мир!“, се наведува во официјалната објава од училиштето како последно збогум до нивната колешка и омилена професорка.

Посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела во Куманово од 13:00 часот, додека погребот е закажан за 15:00 часот на Градските гробишта во Куманово.