ОГРОМНА ТАГА: Младо момче загина во тешка сообраќајна несреќа

Фудбалскиот клуб Тетекс информираше дека ноќеска во сообраќајна несреќа животот го загуби фудбалерот Даниел Николовски на 21 година. 

„Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел. Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим.

Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб. На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство. Почивај во мир, Даниел. Летај високо, ангелу“, известија од ФК Тетекс. 

Засега не се знае дали трагедијата е врзана со сообрќаајката која ноќеска се случи кај Стража, на патот кон Гостивар. 

Официјални информации се очекуваат од МВР.