Според најновата радарска слика, во Дебарскиот и Тетовскиот регион има појава на врнежи од дожд, проследени со засилен ветер и ретки грмежи.
Нестабилната облачност се движи од запад кон исток, па во наредниот период се очекува временската состојба да биде променлива и во други делови од земјата.
Граѓаните во погодените подрачја се советуваат да бидат внимателни поради можните нагли промени на времето, особено при престој на отворено и при патување.


