По долгиот период на натпросечно топло време, регионот го зафати значително освежување, а студениот фронт донесе пад на температурите и вистинско потсетување дека летото полека отстапува пред есента.
Следните денови ќе бидат значително попријатни, со посвежи утра и температури во рамките на просекот за овој период од годината.
Студениот фронт кој помина над Балканот го прекина низот на многу топли денови, а во наредниот период во поголемиот дел од регионот се очекува стабилизирање на времето.
Во Македонија, во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време, со мала до умерена облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.
Утрата ќе бидат значително посвежи во споредба со изминатиот период, особено во котлините и повисоките предели. На Балканот минималните температури на места ќе се спуштаат до околу 1 до 10 степени, додека на највисоките планини постојат услови и за појава на слаб приземен мраз.
Во текот на денот температурите во регионот главно ќе се движат меѓу 16 и 23 степени, а во Македонија постепено ќе следува стабилизација и пораст на дневните температури.
Во делови од регионот, особено на југ и југоисток, сè уште се можни локални врнежи, но подолготраен и пообилен дожд засега не се очекува.
Повторно затоплување во средината на септември
По посвежите денови, метеоролозите најавуваат нов, но краткотраен пораст на температурите. Во средината на следната седмица во делови од регионот температурите повторно би можеле да се искачат до 22-27 степени, а на места и до околу 30 степени.
Сепак, засега нема најава за враќање на долготрајни тропски горештини какви што го одбележаа претходниот период.
Есента постепено се приближува
Според долгорочните прогнози, околу 20 септември се можни нови пролазни врнежи во делови од Балканот, додека позначајна промена на времето се очекува во втората половина на месецот.
По 26 септември постојат услови за засилена циклонална активност и поконкретни врнежи, што би можело да означи посериозен пресврт кон есенско време.
Иако во наредниот период повторно ќе има потопли денови, временската слика покажува дека летните горештини постепено остануваат зад нас, а посвежите утра и почестите продори на постуден воздух ќе бидат сè почести.

