Телото на 42-годишен маж утрово било извлечено од Шумаричко Езеро во Крагуевац, потврдено е од Полициската управа во Крагуевац.
Акцијата за извлекување на телото била спроведена околу 10 часот, а во неа учествувале припадници на противпожарно-спасувачката единица.
Нестанокот на мажот бил пријавен во текот на вчерашната вечер, по што бил започнатo пребарување на езерото.
Увидот на местото е во тек, а дополнителните околности за случајот треба да бидат утврдени.

