Министерството за образование и наука ги објави ранг-листите со примени студенти на додипломски студии за сместување во студентските домови за студиската 2026/2027 година. Резултатите се достапни на официјалната веб-страница на министерството.
Поради ограничениот капацитет во ДСД „Гоце Делчев“ – Скопје, дел од кандидатите што аплицирале таму се пренасочуваат кон зградите на ДСД „Стив Наумов“ – Скопје, независно од тоа дали при апликацијата означиле алтернативно сместување.
Слично прераспределување е применето и кај дел од примените студенти за ДСД „Браќа Миладиновци“ – Штип, кои се распоредуваат во приватните домови ПСД „Логос“ и ПСД „Хилјадников“ согласно приложените алтернативи.
Комплетните списоци се објавени поединечно за следните капацитети:
ДСД „Стив Наумов“ – згради (Скопје)
ДСД „Стив Наумов“ – бараки (Скопје)
ДСД „Гоце Делчев“ – Скопје
Прераспределени од „Гоце Делчев“ без алтернатива во ДСД „Стив Наумов“ – згради
Прераспределени од „Гоце Делчев“ со алтернатива во ДСД „Стив Наумов“ – згради
ДСД „Браќа Миладиновци“ – Штип (поранешен „Оаза“-2)
ДСД „Кочо Рацин“ – Битола
ДСД „Никола Карев“ – Охрид (локација Одморалиште на МВР)
ДСД Тетово – Тетово
ПСД „Логос“ – Штип
ПСД „Хилјадников“ – Штип
Прераспределени од „Браќа Миладиновци“ – Штип во ПСД „Логос“
Прераспределени од „Браќа Миладиновци“ – Штип во ПСД „Хилјадников“

