Вчера во 14:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-село Стримница, А.Н.(46) од тетовското село Фалише, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од патот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Н., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.

