Врховниот суд го врати на повторно постапување предметот за осудениот Стевчо Јакимовски.
Поради ваквата одлука, Кривичниот суд веднаш ќе ја извести затворската установа дека осудениот се ослободува од понатамошно извршување на претходно изречената санкција.
Тоа значи дека Јакимовски нема да треба да се врати на издржување на затворската казна по претходната пресуда.
Инаку во моментов тој се наоѓа на прекин на издржувањето на казната, одобрен од управата на затворот поради здравствени причини.
По одлуката на Врховниот суд, предметот повторно ќе се најде пред надлежниот суд, кој ќе треба повторно да постапува и да донесе нова одлука.

