Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска беше регистриран во близина на островската држава Тонга во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според достапните информации, епицентарот на потресот се наоѓал во морскиот дел на регионот, на длабочина од околу 10 километри.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причинета материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.

По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.