Тешка несреќа – жена со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје,

патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Ж.Д. од Скопје, удрило во 49-годишната Е.Д. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.