УХМР објави најнова метеоролошка карта според која во изминатите два часа на повеќе места низ Македонија имаше нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.
Според информациите, најизразена нестабилност беше регистрирана во повеќе делови од земјата, додека и понатаму активни нестабилни облачни маси има во околината на Македонски Брод и на Кајмакчалан.
Метеоролозите препорачуваат внимателност поради можноста за краткотрајни, но интензивни временски непогоди, особено во подрачјата зафатени од нестабилната воздушна маса.

