Тешка сообраќајка попладнево во Македонија

Тешка сообраќајна незгода се случила на експресниот пат Штип–Радовиш.

Телевизија М Нет објави видео од местото на несреќата, на кое се гледа искршено возило покрај патот.

Според првичните информации, автомобилот од засега непознати причини излетал од коловозот и удрил во заштитната банкина.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, ниту за околностите кои довеле до сообраќајната незгода.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот на надлежните служби.