Влатко Стефаноски (1976-2026). Со тивка болка и длабока почит, Кичево се простува од човекот кој зад себе остави трага што не бледнее, роден на 25 мај 1976 година, со срце врзано за град Кичево.
За многумина беше пријател, соборец, визионер. За градот урбана легенда.
Кичево и кичевчани со тага и неверување се простуваат од Влатко Стефаноски, познат музичар и препознатливо име во нашите кулоари.
Зад себе остави белег меѓу љубителите на музиката во Кичево и пошироко. Неговото прерано заминување предизвика бројни реакции и пораки на сочувство од пријатели, колеги, сограѓани и познаници.
Ќе остане запаметен по својата љубов кон музиката, уникатната шега.

