Денеска на Копаоник во Србија падна првиот снег, на радост на љубителите на планината и зимските спортови. Сепак, до почетокот на скијачката сезона има уште време, а септемвриските снежни врнежи засега се само рана најава за зимските услови.
Според податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод, температурата на Копаоник во 15 часот, на последниот ден од летото, изнесувала еден степен над нулата, додека паѓал умерен снег.
Поради снежните врнежи, сообраќајот на сите пристапи кон Копаоник се одвива забавено.
Првата снежна покривка на Копаоник низ историјата на метеоролошките мерења била забележана во различни периоди – од почетокот на септември до крајот на ноември. Просечно, првата снежна покривка се формира меѓу 10 и 15 октомври.
Првиот снег најчесто е тенок и краткотраен, додека пообилни врнежи се почести кога снежната покривка се формира подоцна, во текот на ноември.
Минатата година, сепак, Копаоник покажа дека почетокот на есента може да донесе и вистински зимски услови. На 4 октомври 2025 година биле измерени 59 сантиметри снег, со што бил соборен апсолутниот октомвриски рекорд во висина на снежната покривка.
Тогаш, по три дена непрекинати снежни врнежи, североисточен ветер и температури значително под нулата, Копаоник добил целосно зимски изглед.

