Цените на нафтата на светските берзи продолжија да паѓаат петти ден по ред, а барелот „брент“ повторно се движи под границата од 100 долари.
Најновиот пад доаѓа во момент кога инвеститорите очекуваат подобрување на снабдувањето од Блискиот Исток и следат сигнали за можен дипломатски напредок меѓу САД и Иран.
Цената на брентот утрово падна на околу 98,16 долари за барел, додека американскиот ВТИ се тргуваше околу 89 долари. Според Ројтерс, брентот во раното тргување беше во пад од околу 1,1 отсто.
Еден од главните фактори за падот се сигналите од Техеран дека Ормускиот Теснец би можел повторно да биде отворен во рок од неколку дена, под услов САД да го намалат воениот притисок и да се создадат услови за дипломатски договор.
Ормускиот Теснец е една од најважните точки за глобалното снабдување со енергенси. Поради тоа, секоја најава дека транспортот низ теснецот би можел да се нормализира веднаш се одразува врз цените на нафтата.

