Првиот ден од есента на Пелистер, ни донесе снег! – објавија од Националниот парк „Пелистер“.
Од споделените фотографии може да се забележи „белина“ на овие планински предели токму кога календарски почнува есента.
Вчера првиот снег сезонава ги побеле и планинските врвови во делови од Србија. Снежните врнежи ги изненадија жителите на Копаоник и Голија, најавувајќи го скорешното доаѓање на зимата.
Снег падна на Копаоник, популарно српско скијачко одморалиште, каде што температурата се движеше околу 1 степен Целзиусов.


