Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати 61.261.085 денари на 1.049 органски производители за 2024 година.
Средствата се исплатени преку програмите за дополнителни директни плаќања за органско производство, според обработуваната површина и бројот на грла добиток.
Со оваа исплата се обезбедува директна финансиска поддршка за производителите што применуваат органски практики и придонесуваат кон развојот на одржливо земјоделство и производство на квалитетна домашна храна.

