Тешка сообраќајка, 20-годишно момче пренесено во болница

Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.

– На 23.09.2026 околу 11:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(65) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(20) од село Сопиште, скопско, соопшти МВР.

Во несреќата, според полицијата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. „Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, информираат од МВР.

Тешко повреден 20-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.

– На 23.09.2026 околу 11:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(65) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(20) од село Сопиште, скопско, соопшти МВР.

Во несреќата, според полицијата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, информираат од МВР.