Земјотрес вечерва ја стресе Македонија

Земјотрес со магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во југозападниот дел на Македонија.

Според првичните податоци, потресот се случил во 22:18 часот по локално време, со епицентар на 11 километри југозападно од Битола и на длабочина од 6 километри.

Земјотресот бил почувствуван од жителите на Битола и околните населени места, како и во пограничниот регион.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета.