Во Полициската станица Гази Баба вчера било пријавено дека 35-годишен маж од Скопје починал откако бил донесен во бессознание во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 16:54 часот, а станува збор за лицето Ф.Р. (35) од Скопје.
Лекарите констатирале смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

